Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро вели дека го ризикувале првенството се со цел да бидат поуспешни на останатите два фронта. Баш заради тоа сега им престојат и две финалиња.

“Од јануари решивме да ризикуваме. Заради тоа имаме и две финалиња и се надеваме на двете титули. Малку сум нервозен, ова е мое деби во финалињата со некој клуб.“
“Мора на дуелот со Фулам да влеземе како да ни е најважен во животот. Мора да уживаме на теренот и да дадеме се од себе. Ако победиме тоа ќе ни го зголеми моралот во пресрет на финалето од купот.“
“Англичаните елиминираа многу големи клубови како: Јувентус, Волфсбург, Хамбург, а фазата по групи играа и со Рома. Аглискиот фудбал гарантира снажни играчи кои одлично играат во воздушните дуели. Нивното главно оружје се нафрлените топки, баш таму каде што ние сме најслаби.“
“Нивна главна опасност ќе биде Замора кој и не е баш типичен англиски напаѓач. Тој знае како да влезе во шанса и да отвори простор за останатите. Мора да пазиме и на нивните контранапади затоа што и тоа е нивно опасно оружје.“ - заврши на крај Агуеро.