Димитри Селџук, агентот на Јаја Туре потврди дека за играчот за врска на Барселона постои голем интерес од Англија, а како најзагреан клуб за него се Арсенал.

“Јаја е многу среќен во Барселона, но во Англија има неколку тимови кои се заинтересирани за него. Меѓу нив е и Арсенал. Венгер смета дека тој може да даде голем допринос во играта на “топџиите“. Мислам дека добро би се снашол во Арсенал.“ - рече Селџук.
Освен Арсенал се спомнуваат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед како заинтересирани за репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска. Јаја Туре веќе една година се поврзува со трансфер на Емирати, но тој никако да се оствари.