Вест Хем го отпушти Џанфранко Ѕола
11/05/2010 14:15

Премиерлигашот Вест Хем заради лошите резултати оваа сезона реши да го отпушти менаџерот, Џанфранко Ѕола. Неговата позиција висеше низ текот на целата сезона, обезбеди опстанок, но изгледа дека управата не е задоволна со неговата работа.



Вест Хем потврдува дека го прекинува договорот со својот менаџер Џанфранко Ѕола.


“Управата сака да му се заблагодари за се што придонел во овој клуб и му посакуваме добра иднина. Клубот сега ќе се фокусира да пронајде негова замена.“ - гласи во официјалното соопштение на “чеканите“.


Со ова можно е Ѕола да сака да флертува со гигантите од италијанскиот фудбал. Милан, Јувентус и Интер би можеле ова лето да останат без своите тренери.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0240][24]