Стив Мекларен ќе биде првиот англиски тренер во Бундеслигата
11/05/2010 13:33


Екипата на Волфсбург која минатата сезона ја освои Бундеслигата го назначи поранешниот селектор на Англија Стив Мекларен за нов тренер.


Мекларен ќе се обиде да го врати клубот на победничките патеки. Англичанецнот направи вистинско чудо со Твенте. За две сезони успеа од овој клуб да создаде шампонски тим. По пауза од 85 години Твенте сезонава ја осови титулата во Холандија.


Волфсбург го соопшти ова на својата официјална веб страна: “Стив Мекларен е новиот тренер на Волфсбург. 49 годишниот тренер потпиша две годишен договор и ќе остане до 30-ти јуни 2012. Тој ќе биде првиот англиски тренер во Бундеслигата.“

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0250][33]