Игуаин најавува заминување од Реал
10/05/2010 17:00

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуиан даде една контраверзна изјава во која за “кралевите“ зборува во минато време и со тоа како да навестува дека летово ќе си замине од Бернабеу.



“Аплаузот кој ќе го добиете на Бернабеу ви причинува големо задоволство. Фановите знаат дека јас во последниве 3 и пол години дадов се од себе за овој клуб.“


“Секогаш кога го облекував дресот се оставав на теренот, понекогаш се беше како што посакував, но некогаш и немав толку среќа. Како и да е горд сум што го носев дресот на “кралевите“. - рече Игуаин во интервјуто за Marca.


По оваа изјава како што известуваат шпанските медиуми љубовта меѓу Реал и 22 годишниот аргентински напаѓач треба да заврши ова лето. ЗА Игуаин заинтересирани се Челзи, Манчестер Сити и Јувентус. Се верува дека сума од 30-40 милиони евра се доволни за “кралевите“ да се откажат од неговите услуги.


Игуаин во последните две сезони е најдобар стрелец за својот тим и е еден од најзаслужните и најконстантните играчи во тимот. Иако на стартот од сезоната Пелегрини повеќе шанси му даваше на Бензема сепак Игуаин повторно си го врати стартерското место. Сепак фановите не можат да му ги заборават промашувањата во најважните дуели, оние со Барселона, а особено на реваншот против Лион кога и беа елиминирани од ЛШ.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0318][86]