Ферги: Честитки до Челзи за освоената титула
10/05/2010 15:10

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон спортски му ја честиташе титулата на Челзи и вети дека следната сезона Јунајтед ќе се обиде повторно да го врати трофејот на Олд Трафорд.



Ова е најтешката лига во светот и затоа можам само да им честитам на Челзи за успехот кој го постигнаа. Ние претходно го сторивме тоа три пати и знаеме колку ни беше тешко.“


Му честитам на Карло Анчелоти кој е добар тренер, но и добра личност. Се разбира дека Јунајтед ќе биде тука и следната сезона и повторно со шампионски амбиции. Тоа се нашите амбиции секоја сезона. Следната сезона ќе се обидеме да ја вратиме титулата на најдоброто место во светот.“


“Се прашувам цело време дали ги бирав вистинските играчи и тактика. Се прашувам дали имав доволно силен состав. Конкретно уште на стартот знаев дека Кристијано Роналдо многу ќе ни недостасува.“


“Морам да ги најдам причините зошто не ја освоивме титулата, а потоа да знам како и ќе дејствувам во преодниот рок. Сепак кога ќе земам се во предвид мислам дека имавме добра сезона, но нема да освоиме некоја награда за тоа. Можевме и подобро, но мислам дека одигравме на високо ниво.“


Пак ќе повторам, најмногу ми е жал за ЛШ. Моравме едноставно да бидеме во финалето затоа што и во двата дуели бевме подобри од баерн. Едноставно немавме среќа на Олд Трафорд.“ - заклучи на крај Фергусон.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0240][81]