
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека потписот со Чамак е пред финализирање и тој скоро сигурно ќе биде првото засиулвање за “топџиите“.
Мароканскиот напаѓач пристигнува од Бордо како слободен играч.
“Да, вистина е Чамак ќе биде најверојатно првото наше засилување. Имаме да завршиме уште неколку работи во врска со папирологијата и треба да се поминат лекарските прегледи. Не е уште ништо финализирано, но многу блиску сме до потпис.“
“Што се однесува до дуелот со Фулам, ја посакувавме победата, па затоа и не се фокусиравме на дуелот на Тотенхем. На крај излезе убедлива победа во која бев убеден и пред да започне натпреварот.“ - изјави Венгер откако неговиот тим го обезбеди 3-то место и се избори за директен пласман во ЛШ за следната сезона.