Десниот бек на Барселона, Даниел Алвес слично како и Гвардиола верува дека тимот мора да остане приземјен и да не го потцени Ваљадолид.

“Знаевме дека имаме многу тешка задача против Севиља, но со победата направивме голем чекор кон нашата цел. Имавме контрола на играта, но има дадовме трошка надеж со нашите две големи грешки.“
“Сега мора да бидеме приземјени пред последниот дуел со Ваљадолид кој ќе биде исто многу тежок. Мора да бидеме максимално подготвени за тој натпревар.“ - додаде Алвес.