Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека иако со победата над Севиља го направиле најголемиот чекор кон титулата сепак не смеат да го потценат Ваљадолид.

“Добрата работа за нас е што успеавме да си зависиме самите од себе си. Сепак мора да победиме и следниот викенд против Ваљадолид. Тие сакаат да си обезбедат опстанок и познавајќи го Хавиер Клементе чувствувам дека ова ќе биде многу тежок дуел за нас.“
“Мора да излеземе на теренот со помислата дека титулата се уште не е освоена. Направивме огромен чекор до неа, но имаме уште пот и трчање против Ваљадолид.“ - заврши на крај Гвардиола кој покажа колку многу му значеше победата со Севиља со емоциите кои ги покажуваше при примањето на двата гола од Андалузијците..