Барселона скоро и сигурно ја освојува титулата во Шпанија сезонава. Каталонците во претпоследното коло успеа на Санчез Писхуан со 3-2 да ја совладаат Севиља и со тоа во последното коло дома да го пречекаат Ваљадолид со поен предност во однос на Реал Мадрид.

Каталонците одиграа фантастичен натпревар, одлични 62 минути во кои направија предност од 3-0, а имаа и играч повеќе од 56-та минута кога беше исклучен Конко заради два жолти картони. Претходно Андалузијците можеа да имаат полна мрежа ако Меси на два пати и Бојан не промашија нешто што едноставно е потешко да се промаши отколку да се погоди. Може затоа иако со играч помалку Севиља успеа да ги казни тие промашувања и за само 3 минути во 69-та и 71-та намали на 2-3, но потоа едноставно немаа сили за сензација и Барса сосема заслужено си замина со трите поени. Може и се ќе беше поинаку ако Меси уште многу рано во 5-та минута не го отвореше резултатот.
На Сантјаго Бернабеу, Реал Мадрид убедливо со 5-1 го совлада Билбао. Отпорот на гостите беше скршен во вториот дел, откако по првите 45 минути резултатот беше 1-1. Баскијците одиграа 70 минути со играч помалку затоа што може престрого уште во 21-та минута му беше покажан директен црвен картон на Аморебиета кој во шеснаесетникот одигра ненамерно со рака. Пеналот го реализираше Роналдо за својот 26 гол сезонава. За мало изненадување се погрижи Иесте во 41-та минута кога по една соло акција реализираше од 15-тина метри за 1-1. Во вториот дел вистинска рапсодија на “кралевите“. За само 16 минути Реал постигна 4 голови и на крај убедливо го порази Билбао кој до 72-та минута одлично се бранеше.
Виљареал со 2-0 успеа да ја совлада Валенсија и со тоа да биде на чекор до излез во Европа следната сезона. “Жолтата подморница“ има еднаков број на поени со Гетафе и по последното коло ќе се знае кој ќе игра во Лига Европа.
Мајорка пропушти голема можност со победа против Ла Коруња да се пробие на 4-та позиција и да биде во пол позиција за последното место кое води во ЛШ. Тимот од Балеарите загуби со 1-0 и со тоа разликата меѓу нив и Севиља остана на 1 поен во однос на Андалузијците.
Во останатите средби, Ваљадолид е најголемиот добитник по ова 37 коло. Овој тим успеа во директната пресметка за опстанок со Сантандер да победи со 2-1 и со тоа да ја напушти зоната за испаѓање, но последното коло и натпреварот со Барса му даваат многу малку шанси за опстанок. Тенерифе пропушти со победа над Алмерија да излезе од зоната за испаѓање, одигра само 2-2, но сега има 36 поени колку што имаат и други 3 екипи над него. Зарагоза иако загуби од Херез и теоретски си обезбеди опстанок, а Херез си остави теорија за да се избори за опстанок. Во незгодна ситуација се наоѓа Малага која загуби од Гетафе со 2-1 и со оглед на тоа дека игра со Реал во последното коло е најсериозен кандидат за испаѓање. Во натпревар кој не значеше ништо Хихон и Атлетико одиграа 1-1, а во сличен таков дуел Еспаниол со 2-1 ја победи Осасуна.
Табела:
| 1. | Barcelona | 37 | 30 | 6 | 1 | 94 | 24 | 96 |
| 2. | Real Madrid | 37 | 31 | 2 | 4 | 101 | 34 | 95 |
| 3. | Valencia | 37 | 20 | 8 | 9 | 58 | 40 | 68 |
| 4. | Sevilla | 37 | 18 | 6 | 13 | 62 | 47 | 60 |
| 5. | Mallorca | 37 | 17 | 8 | 12 | 57 | 44 | 59 |
| 6. | Getafe | 37 | 16 | 7 | 14 | 55 | 48 | 55 |
| 7. | Villarreal | 37 | 16 | 7 | 14 | 55 | 54 | 55 |
| 8. | Ath. Bilbao | 37 | 14 | 9 | 14 | 48 | 53 | 51 |
| 9. | Atl. Madrid | 37 | 13 | 8 | 16 | 57 | 58 | 47 |
| 10. | La Coruna | 37 | 13 | 8 | 16 | 35 | 47 | 47 |
| 11. | Espanyol | 37 | 11 | 11 | 15 | 29 | 44 | 44 |
| 12. | Almeria | 37 | 10 | 12 | 15 | 41 | 52 | 42 |
| 13. | Osasuna | 37 | 11 | 9 | 17 | 36 | 45 | 42 |
| 14. | Gijon | 37 | 9 | 13 | 15 | 36 | 49 | 40 |
| 15. | Zaragoza | 37 | 10 | 10 | 17 | 43 | 61 | 40 |
| 16. | Valladolid | 37 | 7 | 15 | 15 | 37 | 58 | 36 |
| 17. | Malaga | 37 | 7 | 15 | 15 | 41 | 47 | 36 |
| 18. | Tenerife | 37 | 9 | 9 | 19 | 40 | 73 | 36 |
| 19. | Santander | 37 | 8 | 12 | 17 | 40 | 59 | 36 |
| 20. | Xerez | 37 | 8 | 9 | 20 | 37 | 65 | 33 |