Пелегрини: Лигата се решава овој викенд
08/05/2010 03:40

Тренерот на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини рече дека овој викенд ќе се знае кој ќе ја освои титулата во Примера. Барса и гостува на Севиља, Реал го пречекува Билбао.



Мислам дека шампионот во Примера ќе биде решен овој викенд. Многу е тешко да замислам дека Барселона во последното коло на домашен терен ќе киксне со Ваљадолид.“


Мојот тим е одлично мотивиран, нема да пропуштиме било каква шанса за титула и нашиот дуел со Билбао воопшто нема да биде лесен. Но проблемот е што не зависиме сами од себе си. Мора да победиме за да имаме некаква шанса.“


Потпишав договор вреден две години и верувам дека ќе си ги отслужам. На крај на сезоната ќе видиме што е сторено, но вистината е дека се бориме за титулата до последен здив. И ние и Барса направавме се за да ја освиме Примера. Ќе бидам зачуден ако некој друг клуб повтори ваква сезона.“


“Се надевам дека ќе постигнеме 100 или повеќе голови сезонава.“ - рече на крај Пелегрини кој при тоа рече дека Роналдо го претставува духот на овој состав.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0350][83]