Продолжуваме со интервјуата кои fifa.com ги прави со најголмите фудбалери на планетава. Овој пат тие за соговорник го имаа фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери и тој одговараше на прашањата од читателите на овој портал. Исто и вие можете да испратите прашања на некои од наредните соговорници, сешто треба е да се регистрирате и се разбира уредникот да ви го одбере ткму вашето прашање.

Рибери говореше за шансите на Франција за престојното СП. Неговите идоли, голот кој што секогаш ќе му остане во сеќавање, најлошите и најдобрите моменти во кариерата и многу други интересни работи.
- Баерн е составот кој сите сакаат да го победат во Бундеслигата, но какви се шансите на тимот во финалето од ЛШ?
Франк Рибери: “Вистина е дека Баерн Минхен е најголамиот клуб во Германија и дека го има најсилниот состав. Мисалм дека овој тим е способен да ја освои ЛШ оваа сезона.“
- Има ли некој гол кој сте го постигнале и кој што засекогаш ќе го памтите?
Франк Рибери: “Еден погодок кој вечно ќе го памтам се случи во четвртфиналето од германскиот куп 2007/08. Беше последната минута од екстра времето, а јас погодив од пенал против градскиот ривал Минхен 1860. Таа година и го освоивме купот.“
- Кој клуб особено ви помогна за да се развиете во играчот кој сте денес?
Франк Рибери: “Задоволен сум од сите клубови каде што сум играл досега, а исто и тие многу добро ме третираат. Сите правеа се за мене, тоа важи како за Баерн така и за Марсеј и Брест претходно.“
- Кој според Вас е најдобриот фудбалер во моментов, со кој играч најмногу посакувате да играте и кој е вашиот клуб од соништата?
Франк Рибери: “Во моментов мислам дека Меси е најдобриот фудбалер во светот. Би сакал да играм покрај Чави, тој е многу квалитетен играч. Одлично го диригира и организира тимот, неговите додавања се перфектни. Се наоѓа во неверојатна форма во моментов. Се разбира има и клубови за кои сонувам да играм, како Барселона и Реал Мадрид.“

- Колку далеку може Франција да стигне на престојното СП и кои се најсилните репрезентации според Вас?
Франк Рибери: “Очекувам да иамаме многу добро СП. Императиве да ја поминеме фазата по групи, а се надевам дека ќе стигнеме до финале. Мислам дека можеме да го освоиме СП. Имаме одличен тим кој е и повеќе од способен за тоа. Има уште неколку репрезентации кои се квалитетни, а во моментов мислам дека најсилни се Англија и Шпанија.“
- Какво е чувството да играте на еден голем настан како СП?
Франк Рибери: “СП е најголемиот настан во секој фудбалер. Тоа се посебни натпревар на посебен турнир. Одлично искуство со многу возбудливи дуели. СП 2006-та беше фантстично, стигнавме до финалето, но за жал загубивме на пенали.“
- Кој е најдобриот француски фудбалер и зошто?
Франк Рибери: “Тоа мора да биде Зинедин Зидан, тој е фантастичен фудбалер, но исто и прекрасна личност. Тоа е фудбалер кој има многу верба во своите соиграчи и постојано зборува со нив. Кога тој ја поседува топката тој е како магионичар, може да направи многу невозможни работи.“
- Сите Ве сметаат за наследник на Зидан, како Вие гледате на овие коментари?
Франк Рибери: “Па не знам дали сум баш негов наследник, но ако луѓето навистина го мислат тоа тогаш тоа мене ми годи и ме прави горд. Зизу како што реков е одличен фудбалер и личност. Јас давам максимум од мене на теренот и се обидувам да бидам што попријтелски расположен со луѓето.“
- Кој бил вашиот идол како мал?
Франк Рибери: “Кога бев мал мој идол беше Жан-Пјер Папен. Секогаш беше смирен кога влегуваше во шанса и постигнуваше многу голови.“
- Кои е вашиот најлош и најдобар момент во кариерата?
Франк Рибери: “Најлош момент во мојата кариера се шесте месеци отсуство заради повреда на моето колено. Тоа беа многу тешки времиња за мене. Додека најдобар момент е победата од 3-1 над Шпанија на СП 2006. Постигнав погодок и победивме одличен состав тој ден.“