Плејмејкерот на Јувентус, Диего изјави дека по неуспехот да се изборат за место во ЛШ за следната сезона разочарувањето кај него е огромно.

“Знаевме дека ќе биде многу тешко. Катанија дома игра добро и секогаш оди на победа. За жал не можевме да се наметнеме и да си обезбедиме победа на крај.“
“Многу сум разочаран затоа што овој резултат ни ги одзема шансите за место во ЛШ за следната сезона. Тоа беше една од нашите главни цели за оваа сезона.“
Диего дојде од Вердер во ланскиот летен период за 24.5 милиони евра и не покажа баш константни игри иако беше најзабележителен кај “старата дама“.