Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон рече дека Интер одиграл едноставно брилијантно против Каталонците, нешто слично како што тие одиграа кога пред две сезони ги елиминираа Барса.

“Интер одигра брилијантно против Барселона. Тие одлично си ги извршуваа своите задачи така што едноставно не можев да ги видам како губитници во тој дуел.“
“Камбјасо одлично покриваше на секој дел од теренот. Интер ја натера Барселона да игра на нафрлени топки, нешто што за нив Италијаците не е некаков проблем.“
“И ние се сретнавме со Барселона пред две сезони и против нас тие и да не создадоа шанса, така да тоа е знак дека има лек и за нив.“ - изјави на крај Фергусон.