Барселона ја потопи “жолтата подморница“, Реал се изнамачи против Осасуна
03/05/2010 02:38

Конкурентите за титулата забележаа победи над своите противници и со тоа разликата помеѓу нив остана на само 1 поени. Особено среќни треба да бидат “кралевите“ кои едвај со многу мака во 89-та минута ја совладаа Осасуна.


После елиминацијата од ЛШ, Барселона многу лесно и убедливо наспроти сите очекувања славеше на Ел Мадригал против Виљареал. Гостите дојдоа во водство уште во 18-та минута кога Меси, кој погоди од многу тешка позиција од левата страна. Вистинско ремек дело беше голот на Чави од слободен удар во 34-та минута. Кркиќ до крајот на првиот дел постигна уште еден гол и со тоа победникот беше познат уште по првите 45 минути. Во вториот дел во една рутинска игра најпрво Љоренте намали на 1-3, а во 88-та минута Меси со својот втор гол (29-ти сезонава) ги постави конечните 4-1.







На Сантјаго Бернабеу, Реал се изнамачи да дојде до победа против Осасуна. Тимот од Памплона се покажа како одличен противник и беше дел во еден од најубавите и највозбудливите дуели во Примера оваа сезона. Гостите многу лесно можеа да им ги замрсат сметките на “кралевите“ и да им го олесната патот до титулата на Каталонците ако при 2-2 во 68-та минута Масуд не промашеше празен гол од само 2-3 метри откосо. Победата на Реал им ја донесе Кристијано Роналдо во 89-та минута кога Игуаин убаво нафрли, а Португалецот најдобро се снајде во голманскиот простор на Рикардо. Претходно Осасуна на два пати водеше, но Реал веднаш изедначуваше. И едните и другите пропуштија голем број на шанси и да не беа Касиљас и Рикардо овој натпревар сигурно ќе имаше двојно повеќе голови.







Мајорка забележа многу битна победа на гостувањето во Баскија против Билбао и со тоа тимот од Балеарите е на прагот до пласман во ЛШ за следната сезона. На 3 кола до крај има 2 поени предност пред Севиља. И двете екипи до крај имаат натпревари на домашен терен со по еден од конкурентите за титулата. Мајорка со Реал, а Севиља со Барселона. 







 


На Санчез Писхуан се сретнаа финалистите од купот оваа сезона и Севиља со 3-1 беше подобра од Атлетико Мадрид. Со оваа победа Андалузијците остануваат во битката за 4-та позиција. Сите голови беа постигнати во првиот дел, до победата Севиљаа дојде од двата пенала на Алваро Негредо.







 


Валенсија забележа победа од 2-0 на гостувањето во Барселона против Еспаниол и со тоа е на чекор до верификација на 3-та позиција и директен пласман во ЛШ за следната сезона.







 


Во останатите дуели, Ла Коруња на домашен терен загуби од Зарагоза и со тоа гостите останаа во сигурната зона на два поени од Тенерифе кој дома со 2-1 го совлада Сантандер. Малага ремизираше со Хихон и сега има исто бодови со Тенерифе кој заради послабата гол разлика е во зоната за излегување. Ваљадолид испушти голема шанса со победа против Хетафе да се изедначи со Малага и Тенерифе. Херез се уште не се предава и “фенерџијата“ ја совлада Алмерија со 2-1 и има теоретски шанси за опстанок.


Табела:


































































































































































































































1. Barcelona 35 28 6 1 87 21 90
2. Real Madrid 35 29 2 4 92 32 89
3. Valencia 35 19 8 8 55 37 65
4. Mallorca 35 17 8 10 56 39 59
5. Sevilla 35 17 6 12 55 43 57
6. Villarreal 35 15 7 13 51 50 52
7. Getafe 35 15 6 14 52 46 51
8. Ath. Bilbao 35 14 8 13 46 47 50
9. La Coruna 35 12 8 15 33 44 44
10. Atl. Madrid 35 12 7 16 53 56 43
11. Espanyol 35 10 11 14 27 42 41
12. Osasuna 35 10 9 16 32 42 39
13. Almeria 35 9 11 15 35 48 38
14. Gijon 35 9 11 15 34 47 38
15. Zaragoza 35 9 10 16 40 58 37
16. Santander 35 8 12 15 38 52 36
17. Malaga 35 7 14 14 39 44 35
18. Tenerife 35 9 8 18 37 67 35
19. Valladolid 35 6 15 14 34 54 33
20. Xerez 35 7 9 19 33 60 30

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0507][88]