Меси: Не можам да си замислам да играм во Премиер лига
01/05/2010 02:44

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси не може да се замисли како игра во Премиер лигата. За него Барселона засекогаш ќе биде во срцето и тешко дека некогаш ќе ја напушти. 



“Не сум размислувал никогаш да ја напуштам Барселона за Англија. Тие се мојот живот, они ме напрвија ова што сум денес и не можам да си заминам. Не ни сакам да си заминам. Знам дека Премиер лигата е многу квалитетна, понекогаш ги гледам натпреварите на ТВ.“


Се восхитувам на силата што нивните фудбалери ја поседуваат, баш типично англиски, играат до самиот крај со огромен дух и голема мотивација, да не заборавам дека фановите се длични и секогаш се фер.“


“Но јас не можам да си замислам да играм во Премиер лига, моето срце и припаѓа на Барселона и секогаш ќе биде така. Ова е одличен клуб, го сакам него, луѓето и се што е поврзано со Барселона.“ - рече Меси кој при тоа кажа дека засекогаш ќе го памти моментот кога еден играч на Арсенал по дуелот му пријдел и му рекол дека му било задоволство што бил на истиот терен со него. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0243][20]