Менаџерот на Фулам, Рој Хоџсон е пресреќен заради пласманот на својот тим во финалето од Европа лигата. Според него тимот дал многу повеќе отколку што и се очекувало од него.
“Сите се среќни што ќе треба да ја стартуваме 10-та сезона во Премиер лигата, но да стигнете во финалето од Евопа лигата без разлика дали сте топ класа тим е одлично достигнување. Сега нашето реноме е уште поголемо.“
“Сега можам само да уживам во овој момент и да се погрижам славата да не им удри во глава на моите играчи.“
“Во финалето сме затоа што игравме многу, многу квалитетен фудбал и елиминиравме некои навистина тешки противници, не само Хамбургер. Ова е фантастично патешествиеза нас и навистина сум горд на тоа. Овој тим даде многу повеќе отколку што се бараше од него.“ - пресреќен рече Хоџсон.
Фулам навистина имаше најтежок распоред за да стигне до финалето. Најпрво го елиминираше бранителот на трофејот Шахтјор, па Јувентус, па Волфсбург и на крај во полуфиналето домаќинот на завршниот турнир Хамбургер.