Тренерот на Атлетико Мадрид, Кике Санчез Флорес е пресреќен заради финалето во Лига Европа, а уште е погорд затоа што ќе бидат единствениот шпански преставник во финале во Европа оваа сезона.

“Никој не го очекуваше ова. Пресреќени сме што ќе бидеме единствениот шпански преставник во финале оваа сезона.“
“Ова беше неверојатна вечер за нас. Не можете да дојдете на Енфилд, а да не знаете дека ќе ви биде тешко. Сепак ние бевме доволно силни и се покажавме како подобар противник во продолжението и заслуживме да одиме понатаму.“
“Секој тим кој стигнал до финалето е одличен, а со оглед на тоа дека доаѓа од Англија нема сомение дека ќе биде тешко.“ - изјави на крај Флорес запрашан за тоа што мисли за Фулам.