Тренерот на Баерн Минхен, Луис Ван Гал мисли дека со тоа што Интер ја поминал Барселона, Баерн добил многу полесен противник во финалето.

“Против Интер нашите шанси се многу поголеми отколку што тоа ќе беа против Барселона. Интер не игра така офанзивно како што тоа го прават Каталонците.“
На крај Ван Гал си остави простор и да му испрати неколку комплименти на својот преведувач и статистичар од времето кога тој беше на клупата на Барселона. “Тој е добар пријател и инзвонреден тренер.“
Кој и да стигне до титулата во Мадрид од овие двајца тренери ќе биде само третиот тренер на кој му успеало да го подигне пехарот со два различни клубови. Претходно тоа им успеало на Ернс Хапел (Феенорд и Хамбургер) и на Отмар Хицфилд (Борусија Дортмунд и Баерн).
Ван Гал успеа со Ајакс во 1995-та година, а Мурињо го стори со Порто во 2004-та.