Ван Нистелрој: Капело не требаше да си замине од Реал Мадрид
28/04/2010 16:00

Напаѓачот на Хамбургер, Руд Ван Нистелрој е носталгичен за времето кога Капело беше тренер на Реал. Според него тоа е еден од најдобрите тренери во светот.



Бев многу разочаран затоа што си замина од Реал Мадрид. Тоа и му го реков. Мислам дека ќе беше многу подобро за нас ако останеше во клубот. Навистина го има тоа некое чувство, а кое го покажа и во Англија.“


“Тој е многу цврст како карактер, директен и длабоко во себе знаете дека е во право. Тој секогаш знае што е потребно за да го извади најдоброто од фудбалерите.“


“Зборував со некои од репрезентативците на Англија пред да биде назначен за селектор и им реков дека тој ќе создаде сосема нова Англија и токму тоа и го стори. Неверојатен менаџер и секогаш има успеси.“


При тоа Ван Нистелрој го издвои Руни како најголема закана по противниците на СП.


Мислам дека Руни ќе направи голема ралика во четвртфиналето и во полуфиналето. Англија во моментов нема никој подобар од него, но ако заради некоја причина нема да игра верувајте дека Капело ќе го измисли.“ -рече Ван Нистелрој. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0236][23]