Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо посакува Интер да биде вториот патник во финалето. При тоа Португалецот изјави дека нема вечно да остане во Реал.

“Во фудбалот се е циклус. Ако вие веќе имате освоено се со еден тим сакате да го промените. Токму тоа мене ми се случи со Манчестер Јунајтед. Сакав сосема поразличен фудбал, различни цели и среќен сум што ја донесов таа одлука. Фергусон го разбра тоа и затоа и уште разговарам со него.“
“Поминав многу време во чекање да заиграм за Реал, но не се гледам себеси тука на 40 години.“
Најскапиот фудбалер во светот се осврна и на реванш средбата од полуфиналето меѓу Барселона и Интер.
“Ова ќе биде еден фантастичен натпревар. Ќе биде тешко и за двата тима. Барселона мора да направи пресврт, а Интер да брани два гола предност.“
“Јас сум од Реал Мадрид и си го сакам мојот клуб, па така ако Барселона биде елиминирана од Европа ќе биде нешто што ќе им се одрази во лигата и ние ќе може да го искористиме тоа.“
“Ќе биде навистина лоша сезона за нас ако не ја освоиме Примера затоа што клуб како овој секоја сезона мора да освои некој трофеј. Затоа ако не освоиме ништо ќе биде загубена сезона за нас. Затоа и сум убеден дека ќе заврши на првата позиција во Примера.“ - рече на крај Роналдо.