Плејмејкерот на Реал Мадрид, Кака и самиот е разочаран од своите перформанси сезонава, но според него на тоа големо влијание имале честите негови повреди.

“Воопшто не сум задоволен од моите перформанси сезонава, но затоа е виновна мојата физичка состојба. Ме мачеа многу повреди по моето пристигнување на Бернабеу.“
“Фановите се многу емоционални и ако работите не одат како што тие посакуваат тогаш на мета се големите имиња во клубовите. Како и да е јас ќе се потрудам да ги усреќам.“
“Имаме се уште големи шанси за титулата. Мислам дека можеме да ја освиме. Еден поен не е голема предност и ќе треба да ги добиеме преостанатите 4 натпревари.“ - рече на крај Кака.