Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека моделот за работа на клубот нема да се промени и после неговото заминување. Тие никогаш нема да го прифатат моделот на Реал Мадрид.
При тоа обелодени дека поранешниот претседател Сандро Росел му вршел притисок за продажба на Роналдињо во Челзи за неверојатни 100 милиони евра.
“Можам да потврдам дека Росел ми кажа дека Челзи понудиле 100 милиони евра за Роналдињо и дека ќе ни дадат 10 проценти од износот и нас. Ги одбив два пати, еднаш во Париз (за време на финалето на ЛШ). Тоа што ми е чудно што сега тој тоа го негира.
“Тогаш заработивме 400 милиони евра, со профит од повеќе од 100 милиони евра. Клубот никогаш не бил финансиски помоќен и со капацитет за инвестиции. Вистината е дека ние сме среќни со тимот кој го поседуваме.“

“Како и да е ако техничкиот директор има некои идеи, ние ќе инвестираме. Способни сме за тоа. Најдобрата работа беше што останавме верни на филозофијата која Кројф ја наметна на Камп Ноу. Рајкард го следеше тој стил, истот сега го работи и Гвардиола.“
Претседателот на кој по крајот на сезоната му завршува мандатот и ќе биде сменет од таа функција се осврна и на реваншот со Интер и на трансфер политиката на клубот.
“Овој клуб има голем дух и е спремен за пресврт. Тоа важи почнувајќи од фудбалерите, тренерите, вработените и фановите. Сите ќе бидеме обединети за реваншот со Интер.“
“Нашиот модел е многу поразличен од оној на Реал. Каталонскиот модел е да ги развиваме фудбалерите кај нас. Повеќе од 50% од тимот кој сега го имаме е производ на нашиот младински погон. Не е наш стил да трошиме по 100 милиони евра за фудбалер. Секој си има свој избор со парите. Мадрид потроши 300 милиони евра, а се натпреварува само за Примера.“ - рече Лапорта во интервјуто за TVE.