Претседателот на Волфсбург, Дитер Хенес ги отфрли шпекулациите дека дефанзивецот на Реал Мадрид, Кристоф Метцелдер ќе попише за нив следната сезона.
“Тоа што го прочитавте изминатиот викенд по медиумите се чисти глупости и нема никаква вистина во тоа. Се прашувам кој ги измислува тие работи.“ - одговори Дитер Хенес.

Низ медиумите излегоа стории дека Метцелдер веќе ги има договорено сите работи со Волфсбург и само се чека да му истече неговиот договор и од следната сезона како слободен агент да потпише со “волците“.
29 годишниот Метцелдер кој во 2007-та од Дортмуд премина во редовите на Реал, не се снајде најдобро на Бернабеу и сигурно ќе се врати во Бундеслигата во текот на леттиот преоден рок.