Кака му донесе значајна победа на Реал, Барселона лесно со Херез
26/04/2010 03:13

Во 34-то коло двата конкурента за титулата забележаа победи и со тоа Барселона се уште е на поен пред Реал. Се заострува битката за 4-та позицја затоа што сега до нејзе се доближија Виљареал и Гетафе.


Барселона успеа да забележа лесна победа над Херез од 3-1. Гвардиола го одмараше Меси, но сепак Аргентинецот одигра 40-тина минути за Каталонците кои со оваа победа останаа на врвот со 1 поен предност во однос на Реал. Жефрен, Анри и Ибрахимовиќ погодија за домаќините. Натпреварот беше решен уште по првите 23 минути кога Барса веќе имаше 2-0 предност.







 


Во Зарагоза Реал потешко од очекувањата славеше над домашниот состав. Кака кој по пауза од 1 месец и пол се врати на теренот беше спасителот на “кралевите“, тој во 75-та минута го постигна победничкиот гол и им донесе многу значајни бодови во битката за титулата. Претходно гостите доминираа имаа многу шанси, но голманот Гаго беше одличен на голот. Особено за пофалба е домашниот состав за играта во првиот дел кога одлично се справи со Реал, кој освен стопостотната шанса на Роналдо на стартот од мечот и немаше посериозна закана. Треба да се напомене дека домаќините играа со играч помалку од 53-та минута и успеа да изедначат иако беа со 10 играчи, но нивната одбрана не ги издржа нападите до крајот на натпреварот.







 


Валенсија со голот на Давид Виља од пенал забелеа минимална победа над Ла коруња и со тоа веќе си ја осигруаше 3-та позиција на табелата. Тие имаат 6 поени предност во однос на Мајорка на 4 кола до крај.







 


Одличен натпревар одиграа Гетафе и Севиља. Домаќините забележаа победа од 4-3 и со тоа влегоа во игра за место кое води во Европа. Сега се на 6 поени во однос на 4-то пласираната Мајорка. Домаќините имаа многу повеќе шанси и подобра игра, но мораа во последните 15 минути преку пресврт да дојдат до победата.







 


Во останатите средби Виљареал го совлада Сантандер и со тоа сега е во битка дури и место кое води во ЛШ, 4 поени е позади Мајорка. Атлетико Мадрид со 3-1 госовлада Тенерифе. Мајорка не успеа да ја совлада Малага на домашен терен, но се уште е во пол позиција за 4-то место. Хихон на домашен терен со 2-0 загуби од Ваљадолид кој се бори за опстанок и со оваа победа сега е на 2 поени од сигурносната зона. Алмерија дома загуби од Еспаниол со 1-0.


 


Табела:


































































































































































































































1. Barcelona 34 27 6 1 83 20 87
2. Real Madrid 34 28 2 4 89 30 86
3. Valencia 34 18 8 8 53 37 62
4. Mallorca 34 16 8 10 53 38 56
5. Sevilla 34 16 6 12 52 42 54
6. Villarreal 34 15 7 12 50 46 52
7. Getafe 34 15 5 14 52 46 50
8. Ath. Bilbao 33 14 7 12 45 44 49
9. La Coruna 34 12 8 14 33 43 44
10. Atl. Madrid 34 12 7 15 52 53 43
11. Espanyol 34 10 11 13 27 40 41
12. Almeria 34 9 11 14 34 46 38
13. Osasuna 33 10 8 15 30 39 38
14. Gijon 34 9 10 15 33 46 37
15. Santander 34 8 12 14 37 50 36
16. Zaragoza 34 8 10 16 39 58 34
17. Malaga 34 7 13 14 38 43 34
18. Valladolid 34 6 14 14 34 54 32
19. Tenerife 34 8 8 18 35 66 32
20. Xerez 34 6 9 19 31 59 27

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0294][24]