Ѕвездата на Реал Мадрид, Рикардо Кака им вети на фановите дека доколку им се укаже шанса за титулата тие ќе ја искористат.
Кака беше стрелец на победничкиот гол против Зарагоза во 75-та минута. На тој дуел влезе како замена и после пауза од 44 дена повторно се врати на терените.

“Многу сум среќен што постигнав вака важен погодок. Можам само да ветам дека до крајот на првенството ќе се бориме за титулата. Ако ни се укаже шанса ќе ја искористиме.“ - рече Кака кои при тоа изјави дека му сметаа медиумите кои пишуваа дека се преправа дека е повреден само затоа што се штеди за СП.
“Нормално е да ме вознимируваат тие натписи. Но знам јас како функционираат работите во фудбалот. Претпоставувам дека најдобар начин за одговор на тоа ќе биде мојата игра. Исто се надевам дека вистинските фанови на Реал не веруваат во тие пишувања.“