Игуаин: Можеме до титулата
22/04/2010 03:15

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин е убеден дека неговиот тим може да ја освои титулата во Примера оваа сезона.



Можеме да ја освоиме титулата. Овој тим моментално има голема самодоверба во себе. Престојниот дуел со Зарагоза ќе биде многу тежок за нас. Тие се борат за опстанок, а ние се бориме за титулата.“ 


Мислам дека имаме одлична сезона во Примера, победивме навистина многу натпревари во серија. Секогаш создаваме многу шанси и имаме солидна одбрана. Веќе освоивме голем број на поени. Тренерот е во право кога постојано вели кој и да ја освои титулата на крај ќе биде сосема заслужено.“


Во моментов размислувам само на 5-те финалиња кои ни преостануваат и се разбира како да му помогнам на тимот со некој гол. Последните средби ќе бидат многу комплицирани како за нас така и за Барселона. Заостануваме со еден поен на 5 средби до крај и мислам дека можеме да им ја земеме титулата.“ - изјави Игуаин.


Реал до крај има тешки гостувања кај Зарагоза и Мајорка, додека Барселона има уште потешки кај Виљареал и Севиља. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0253][24]