Маскерано: Поцрвенувам кога некој ме фали многу
16/04/2010 19:01

Фудбалерот на Ливерпул, Хавиер Маскерано во интервјуто за fifa.com се осврна за неговите игри во репрезентацијата и престојното СП. Рече дека Макелеле е неговиот идол и се чувстува одлично во дресот на “црвените“. Горд е што ја носи капитенската лента на “гаучосите“...



- Хавиер, веќе подолго време си во Ливерпул. Што би рекол за тоа?


Хавиер Маскерано: “Си поминувам фантстично овде и не ми е здосадено постојано да го кажувам ова. Овде сум третиран како фамилија и уште од самиот старт немам никакви забелешки.“


- Во што уживаш најмногу тука?


Хавиер Маскерано:  “Играњето на фудбал Smile. Ова е пристанишен град кој многу брзо се шири и град во кој сите напорно работат. Ако треба да препорачам некое место за да го посетите тоа сигурно ќе биде музејот на Битлси и Енфилд, навистина убав град.“


- Очигледно е дека добро си среден тука, но дали ти недостасува Аргентина?


Хавиер Маскерано: “Се разбира дека ми недостасува. Овде сум веќе пет години и постојано ме фаќа носталгија за дома, но веќе се навикнав и на тоа. Сепак кога ќе заврши сезоната веднаш го фаќам авионот за дома.“


- Имате многу Шпанци и Аргентинци во тимот. Кој зборува најдобро англиски од ни?


Хавиер Маскерано: “Тренерот се разбира. Тој е овде подолго време и мора да зборува најубаво англиски од сите. Ако го исклучам него, Реина е навистина добар. Меѓу нас си зборуваме шпански, но во соблекувалните и за време на ручекот зборуваме англиски како респект спрема другите.“


- Кој зборува најлошо англиски?


Хавиер Маскерано: “Аууу, Макси Родригез. Кутриот. Пристигна пред некој месец и навистина напорно се труди, но воопшто не му е лесно. Сепак ние сите се тука и се обидуваме да му помогнеме.“


- Фернандо Торес се наоѓа во одлична форма. Што очекуваш од него на престојното СП?


Хавиер Маскерано: “Тој по повредата се врати во одлична фора и напредува со неговата издрливост, која е најважна за него. Ако остане во овој ритам, ќе биде одличен на СП.“



- Ајде малку да се осврнеме на репрезентацијата. Дали си изненаден по промената на плановите откако ја совладавте Германија?


Хавиер Маскерано: “Воопшто не сум изненаден. Фудбалот се игра за резултатите. Победувате и сте најдобри, губите и сте најлоши. Ние имаме фудбалери кои се во фантастична форма и предизвик за нас е таа форма да ја пренесат во репрезентацијата, нешто што го немавме во квалификациите за СП.“


- Се вели дека многу е подобро на СП да не влегувате како фаворити. Дали и ти така мислиш?


Хавиер Маскерано: “Шпанија и Бразил засега изгледаат моќно во оглед на другите. Сепак трофејот го освојува тимот кој најмногу ќе напредне токму на Мундијалот. Италија не блескаше во 2006-та, Бразил имаше и тешки моменти во 2002-та, а на Франција и беше потребен златен гол за да го елиминира Парагвај во 1998-та.“


- Дали ти е непријатно кога некој толку многу те фали?


Хавиер Маскерано: “Горд сум кога некој ќе ме пофали, а особено ми значи ако тоа доаѓа од тренерите со кои соработувам. Тоа значи дека јас сум голем професионалец. Некогаш дури и поцрвенувам, особено ако пофалбите доаѓаат од некој навистина важен во фудбалот.


- Диего Марадона те направи капитен уште при својата прва прес конференција. Како се чувствуваш во врска со тоа?


Хавиер Маскерано: “Логично нешто е да речам дека тоа воопшто не менува ништо, но без никакво соменение да бидете капитен на вашата земја е голема гордост. Од друга страна е и голем предизвик, мора да можете да го понесете товарот на таа улога. Мислам и дека добро го правам тоа. Веќе имам едно СП зад мене и мислам дека сум навистина созреан.“


- Дали извади нешто како поука од СП во Германија 2006-та?


Хавиер Маскерано: “Пред четири години се уште играв во Јужна Америка, никогаш немав играно против фудаблери како Дрогба и Балак. Но во последниве четири години секој викенд играм најдобрите, па заради тоа и сега знам какви одлуки против кој да носам.“


- Кој е тој играч на кој Маскерано му се восхитува?


Хавиер Маскерано: “Секогаш сум си го идеализирал Клод Макелеле, иако не знам зошто. Не е тоа затоа што сакам да играм како него, туку затоа што мислам дека ја разбираме играта на ист начин. Имам играно неколку пати против него и секој пат ми изгледаше се поспецијален и поспецијален. Има и неколку други како Алмеида, Симеоне како и Леонардо Астрада кој навистина многу ме научи.“


- Меси е во брилијантна форма во Барселона. Што ќе сторите Вие и вашите соиграчи за да му помогнете него?


Хавиер Маскерано: “Никој не го даде она што се очекуваше од него за време на квалификациите, но Меси најмногу си го однесе затоа што луѓето очекуваат нешто сосема подруго од него. Тоа навистина не е фер. Треба да се критизираат сите 18-20 фудбалери. Сум го гледал Меси како игра фантастично за репрезентација во Копа Америка и Олимпијадата.“


- Дали и вие сте ги заслужиле критиките, на пример примениот гол од Перу?


Хавиер Маскерано: “Дефинитивно, тоа е баш пример за што и претходно зборував. Тогаш се обидов да ја исфрлам топката, но не излезе и тие потоа ни изедначија. Тоа е една од моите најголеми грешки кои сум ги напревил во мојата кариера и се уште не разбирам зошто. Тоа ќе ме прогонува низ целата кариера иако научив многу од тој момент.“


- Неодамна Марадона рече дека не го пуштил трофејот во Мексико по неговото примање, дали и ти ќе го сториш истото во Јужна Африка?


Хавиер Маскерано: “Се надевам дека ќе го освоиме, но нема да бидам себичен до толку. Не е битно кој ќе го подигне трофејот битно е оваа репрезентација повторно да освои нешто важно. Ништо друго нема да може да се спореди со тој успех.“ 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0272][32]