Играчот за врска на Баерн Минхен, Марк Ван Бомел чувствува дека Рибери ќе остане минимум уште една сезона во Баерн, а како повод за тоа треба да бидат одличните игри во ЛШ.

“Мислам дека шансите за да Рибери остане во Баерн се навистина добри. Чувствувам дека Франк ќе остане уште една сезона. Самиот знае што има во Минхен и како луѓето се однесуваат спрема него. Тој е една од нашите најголеми ѕвезди и останува да се види дали ќе го има истиот статус во новиот клуб.“
“Мора да му ги направиме некои работи интересни за да остане. Најдобар начин за тоа е да одиграме одлично во ЛШ. Мора да му оставиме простор да блесне и мислам дека токму тоа и го правиме сега.“ - заврши Ван Бомел.