Ван Перси е подготвен за некоја минута со Тотенхем
13/04/2010 02:40

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венегр вели дека Ван Перси е скоро подготвен и би можел да се најде на теренот уште во дуелот со Тотенхем на Вај Харт Лејн во среда.


Сепак ако заигра тоа ќе биде настап од клупата затоа што Холанѓанецот не е подготвен за 90 минути. За цел натпревар според менаџерот на “топџиите“ ќе треба да поминат уште две недели. 


Токму Ван Перси со два гола беше најзаслужен за победата од 3-0 во градското дерби со Тотенхем на почетокот на сезоната.



Физички и кондиционо е во добра форма, но за да биде спремен 100% ќе треба да поминат уште 2-3 недели. Би рекол за две недели, но ќе треба да почекаме уште некое време за да се врати во форма. Мора да одиграте неколку средби за да се вратите во форма.“ - рече Венгер.


На Арсенал му преостануваат уште средбите со Тотенхем, Виган, Манчестер Сити, Блекбурн и Фулам. Моментално се на три поени позади лидерот Челзи.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0428][16]