
Како што пишува мадридската Marca, Жозе Мурињо е најголемиот кандидат за тренерската функција во кралскиот клуб. Според овој медиум се очекува по завршувањето на сезоната Пелегрини да добие отказ. Тој има потешкотии да го наметне својот авторитет во соблекувалните.
Реал Мадрид иако потроши голем број на финансиски средства за засилување во летниот преоден рок, ги донесе Кристијано Роналдо и Кака сепак не успеа да ја урне Барселона во битката за титулата.
Мурињо кој моментално е на чело на Интер не е задоволен од тоа како е примен во Италија и воопшто не го сака италијанскиот фудбал, па затоа и покрај сите деманти можно е да седне на клупата на “кралевите“. Нема тренер кој не би испуштил таква шанса.
Се спомнуваат уште и имињата на Рафа Бенитез, Луис Фелипе Сколари и Фабио Капело.