Потпреседателот на Милан, Адријано Галијани откри дека летото 2008-та Росонерите биле пред трансфер со младиот голман на Лион и на француската репрезентација, Хуго Љорис.

“Љорис скоро и да го купувме во летниот преоден рок 2008-та. Имавме веќе договор со него и со неговиот агент, но одбивањето на Абијати да потпише за Палермо значеше и прекинување на преговорите.“ -рече Галијани.
23 годишниот француски репрезентативец токму тоа лето наместо на Сан Сиро од Ница се пресели на Жерлан за 8.5 милиони евра. Љорис се смета за еден од најголемите голмански таленти и се очекува многу брзо да потпише за еден од најсилните европски клубови.