Џузепе Пасторело, агентот на Џузепе Роси изјави дека Наполи веќе подлго време е заинтересиран во своите редови да го донесе неговиот клиент. Агентот потврди дека скоро сигурно е дека Роси ќе го напуши Виљареал ова лето и ќе се врати во Италија.

“Наполи веќе подолго време се интересира за Џузепе. Роси му е слаба точка на претседателот Де Лаурентис. Тој уште пред година дена сакаше да го ангажира. Ме прашуваше како стојат работите помеѓу него и Виљареал.“
“Сепак тогаш само разговаравме затоа што не беше време за нешто повеќе. Веќе е многу веројатно дека ова лето нешто ќе се случи со мојот клиент и тој е подготвен на таков потег.“
Како што пишуваат италијанските медиуми се очекува Роси да ја напушти “жолтата подморница“ за сума од 15 милиони евра и да се пресели во Италија каде што посакува веќе подолго време.
Како можни дестинации освен Наполи се спомнуваат и Јувентус и Фиорентина.