Напаѓачот на Интер, Диего Милито верува дека оваа сезона е онаа вистинската за повторно да се обели образот на Интер на европската сцена.

“Интер е голем тим и нема некој поголем успех во Европа веќе подолго време. Фановите посакуваат, а исто и ние сме решени да го оствариме. Дуелот со Барселона воопшто нема да биде лесен, но ние ќе дадеме се од себе за да успееме.“
Потоа Милито се осврна и на својот сонародник кој оваа сезона блеска дресот на Барселона. “Лео е дефинитивно број еден и навистина е одлично чувството да играте покрај него. Тој веќе многу напредуваше и како играч и како личност. Во Аргентина се очекува многу од него на СП. Мислам дека веќе научи како да се справува со големиот притисок.“
“Тој многу амбициозен, шампион кој постојано е гладен за трофеи. Исто е одличен соиграч сите сакаат да играат покрај него, но и е личност која на истиот начин се однесува и во соблекувалната. Навистина е голема чест да бидете покрај него.“ - рече Милито.