Колку добро расположение владее во тимот на Баерн Минхен и колку добро се согласуваат, кажува и интервјуто кое го даде Ван Гал за германската телевизија ZDF.

Холандскиот стратег Луис ван Гал по гостувањето во Леверкузен за германска телевизија изјави на шега:
„Ако освоиме три титули оваа сезона си заминувам. Во тој случај нема што повеќе да напредуваме“, рече Холанѓанецот, но сепак ’повлече рачна‘.
„Сепак треба да почекаме да видиме како ќе биде.“
Баерн во Бундеслигата има 2 поени предност пред вториот Шалке, игра во финалето во германскиот куп со Вердер и во полуфинале во Лигата на шампионите со Лион.
Ван Гал инаку има договор со минхенски Баерн до јуни 2011.
Извор: Таратур