Менаџерот на Челзи и поранешен тренер на Росонерите, Карло Анчелоти вели дека со оглед на проблемите се кои се соочуваше Милан, тие оваа сезона ја играат над очекувањата на сите.

“Милан загуби многу важни играчи во Паоло Малдини и Кака оваа сезона, но и некои фудбалери на кои овој тим се потпира како Неста и Пато подолго време се повредени.“
“Мислам дека направија многу повеќе од она што се очекуваше од нив. Леонардо нависитна заврши одлична работа. Тимот моментално се мачи затоа што е многу тешко на крајот од сезоната да играте со некои од вашите најдобри фудбалери.“ - кажа Анчелоти.