
Младиот германски возач од редовите на Ред Бул успеа да стигне до победата на трката за ГН на Малезија.
На првите двете трки оваа сезона, Себастијан Фетел имаше пол позиција, но заради технички проблеми не успеваше да ги заврши, еве сега трета среќа за него, прв пат заврши трка и победи.
Тој ја предводеше еден два победата на тимот на Ред Бул пред неговиот тимски колега Марк Вебер.
„Имав одличен старт, веќе на првиот свиок ги поминав и Нико и Марк, ја искористив шансата која ми ја пружија. Сигурен сум дека и Вебер би ми направил исто.“ изјави Фетел по трката, кој стартуваше трет, а водеше во текот на целата трка.
На третата позиција заврши Нико Розберг од тимот на Мерцедес ГП, со што оствари уште еден подобар пласман од неговиот тимски колега, седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, кој не ја заврши трката.
На четвртата и петтата позиција се најдоа Роберт Кубица од Рено и Адриан Сутил од Форс Индија.

Досега водечкиот во генералниот пласман, Фернандо Алонсо, мораше да се откаже на само круг пред крајот бидејќи го префорсира болидот во борбата со Луис Хамилтон, кој заврши шести.
Сега прв на табелата излезе Фелипе Маса од Ферари, на кого седмото место на денешната трка му беше доволно.
Тој води со 39 поени, два повеќе од неговиот тимски колега Алонсо и младиот Фетел, кои имаат по 37 и четири повеќе од Батон и Розберг.
Следната трка се вози во Кина за две седмици.
ГН Малезија, резултати:
1. Себастијан Фетел (Ред Бул) - 1h33:48.412
2. Марк Вебер (Ред Бул) - +4.8
3. Нико Розберг (Мерцедес) - +13.5
4. Роберт Кубица (Рено) - +18.5
5. Адријан Сутил (Форс Индија) - +21.0
6. Луис Хамилтон (МекЛарен) - +23.4
7. Фелипе Маса (Ферари) - +27.0
8. Џенсон Батон (МекЛарен) - +37.9
9. Џаиме Алгуелсуари (Торо Росо) - +1:10.6
10. Нико Хулкенберг (Вилиамс) - +1:13.3
Извор: Таратур