Јас само сакам да ги направам нештата поедноставни
31/03/2010 15:43

Со оглед на тоа дека немаме некое интрвју спремно со месеци наназад, а знаеме дека веќе на сите на нерви Ви иде кога ќе отворите Стевица Ристиќ да го гледате (го замразивте човекот Smile), затоа решивме во овој дел да опфатиме и интервјуа со странски фудбалери.


Се разбира ќе ги преведуваме тие, не се од нас лично правени, но се работи за интервјуа од fifa.com каде што прашањата не ги поставува новинар туку се од читателите.



Во овие моменти актуелно е интервјуто со поранешниот фудбалер на Арсенал, а сегашен играч на Панатенаикос, Жилберто Силва. 33 годишниот Жилберто ќе бидедел од “кариоките“ на престојното СП. Па во ова интервју тој ќе зборува за тешките моменти кои ги имал во репрезентацијата, партнерството со Фелипе Мело и шансите на Бразил на престојното СП. 


- Жилберто твоето место во бразилската репрезентација остана скоро недопрено откако заигра на СП 2002-та?


Жилберто Силва: “Значи јас сум играч кој што секогаш се обидува да ја направи играта поедноставна, но тоа не е она што го бараат фановите. Да бидам искрен и тоа воопшто не ме загрижува. Не ми е гајле дали медиумите го забележуваат мојот придонес. Уште од самиот старт кога настапував за Бразил сите се сомневаа во моите квалитети. Тоа го сметам за екстра мотивирачки иако понекогаш ми иде на нерви, особено затоа што мојата земја е најголем поборник на тоа, а надвор јас сум многу респектиран и луѓето ме ценат.“


- Како и да е се чини дека триумфот во Купот на конфедерации беше клучен за да се замолчат критичарите. Дали работите се сменија после тоа натпреварување?


Жилберто Силва: “Да, Купот на Конфедерации беше многу важен. Некои луѓе се прашуваа што јас барам таму, затоа што и не играв многу во Арсенал. Некои не можеа да се помират со фактот дека јас бев прв избор иако не играв за мојот клуб. Сепак се обидов позитивно да реагирам на критиките и започнав да работам уште понапорно за Јужна Африка.“


- Дали Дунга некогаш разговарал со тебе дека ако не играш прва постава во клубот местото во репрезентацијата ти е загрозено?


Жилберто Силва: “Дунга е тренер кој што секога е отворен со вас. Бев свесен со фактот ако не играм прва постава во Арсенал, може и да го загубам местото во репрезентацијата, многу време минев на клупата, па затоа и го сменив клубот. Тренасферот во Грција беше многу значаен за мене и воопшто не жалам заради тоа. Иако грчката лига е далеку од англиската по квалитет сепак бев свесен дека мора да играм секоја недела.“



- Во моментов не само што си стартер туку и си лидер на репрезентацијата?


Жилберто Силва: “Најдоброто е што лидерската улога дојде спонтано, природно без никој да Ви го наметнува тоа. Момците кои доаѓаат во репрезентацијата се обидуваат да земаат пример од оние посикусните како мене, Кака или Лусио. Нема сомневање дека станува збор за голема одговорснот, но тоа е позитивна одговорност. Убаво е да знаете дека ја имате таа улога.“


- За разлика од Лусио ти важиш за некој играч кој не зборува многу на теренот?


Жилберто Силва: “Сум, верувајте сум. Тоа е улогата на лидерите. Кога натпреварот ќе заврши мора да се справите со емоциите на сите фудбалери посебно, да разговарате со нив, да ги бодрите, да им кажувате убави зборови. Ова е многу битно особено кога сте дел од некои подолги турнири. Јас сум баш ваков каков што Ви кажав, се обидувам да бидам пријател со сите, но и да ги респектирам разликите кај луѓето, значи баш како и што напоменав, се обидувам да ги направам работите поедноставни. Истото го правам и во мојот живот.“


- Ова е твоето трето СП. Кое искуство ќе го примениш од претходните две?


Жилберто Силва: “Има две ситуации кои се различни. Во 2002-та играчите како Кафу, Роналдо и Роберто Карлос беа лидери на репрезентацијата и јас имав среќа да бидат дел од тој тим кој што стигна и го освои финалето. Во 2006-та имав поголемо искуство, но не го започнав првенството како прв избор. Но за мене беше важно што бев дел од тоа СП без ралзика што не играв. Како и да е ги искусив и двете страни од паричката, триумф во 2002-та и пораз во Германија кој беше навистина фрустрирачки. Мислам дека искуството е многу важно за еден играч.“


- Твоето скуство се покажа многу важно во соработката со Фелипе Мело кој ти е партнер веќе една година.


Жилберто Силва: “Моето партнерство со Фелипе Мело е многу важно. Тој е на истата воздраст кога и јас бев дел од СП 2002-та. Тој е млад фудбалер кој може да притиска и во нападот, мислам дека ние двајца ја правиме средината балансирана. Фелипе сосема си го заслужи местото во Селекао, ја искористи шансата која му се укажа. Тоа е најважното во бразилската репрезентација да ја искористите секоја шанса која ќе ви се укаже, затоа што може да добиете само една можност за докажаување. Тешко е да бидете дел од Бразил, но уште потешко е да останете.“


- Дали мислиш дека Фелипе Мело е добар пример за играч за врска во овие времиња, да игра и напред и назад?


Жилберто Силва: “Да бидам искрен во Европа тоа е најважно за секој играч за врска, па дури и за оние кои имаат офанзивни задачи, мора да знаат да играат и дефанзива.“


- Како ја оценунувате вашата група на СП?


Жилберто Силва: “Ако ги споредите групите на Англија и на Шпанија тогаш мислам со право може да се нарече нашата група, “група на смртта“, но оваа репрезентација веќе има преживеано многу вакви моменти и подготвена е за оваа ситуација. Знам многу португалски фудбалери, но и некои од Брегот на Слонова Коска со кои играв во Арсенал. Коло и Ебуе се зафркаваа дека ќе го победеле Бразил, смешки. Во секој случај тие не респектираат и како и секое СП, секој сака да го победи Бразил.“


- Во последно време има еден бран од фудбалери кои се враќаат во брзилското првенство. Има ли некоја шанса да се вратите и вие во Атлетико Минеиро?


Жилберто Силва: “Имам уште година и пол од договорот во Панатенаикос, но потоа кој знае? Отсекогаш сум го сакал Атлетико Минеиро и секогаш ги следам нивните резултати. Имам голем почит кон фановите и тие ме почитуваат мене. Но за сето тоа ќе размислувам кога ќе ми истече договорот.“


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0303][92]