Ливерпул - Арсенал
21/04/2009 02:23

Ливерпул - Арсенал (вторник 21:00ч)


Најбитниот и најтешкиот натпревар за Ливерпул ако сака да остане во битката за шампионската титула и да го следи во чекор Манчестер Јунајтед, очекувајќи дека може ѓаволите ќе кикснат на некој натпревар и после 19год титулата ќе се врати во градот на Битлси.


Од другата страна Венгер и Арсенал релаксирачки ќе влезат во овој дуел, ако се знае дека веќе го обзбедија четвртото место и немаат никакви шанси во битката за титулата(бар не реални). Венгер шансите за успех ги гледа во натпреварите од ЛШ каде Арсенал ќе игра полуфинале со Манчестер Јунајтед.


Најголемата опасност за Ливерпул е што Арсенал е во одлична победничка серија. Имааат 7 победи по ред во Англиската премиер лига. Немаат изгубено од дуелот со Манчестер Сити одигран на 22 ноември 2008 или тоа се 18 натпревари по ред. Ливерпул пак сезонава е единствената непоразена екипа на домашен терен во Премиер лига.


Поради фактот што ги изгубија шансите за титула менаџерот на топџиите нема да ризикува на овој натпревар, па во составот ќе ги изостави двајцата негови најдобри напаѓачи Адебајор и Ван Перси. Официјално и двајцата имаат мали повреди од дуелот со Челзи во полуфиналето од ФА купот кој Арсенал го загуби со 2-1. Сепак овие повреди не се страшни и на Венгер не му се ризикува со нив. Исто повредени се: Алмунија, Галас, Клиши, Џуру, а можно е да не играат и Сања и Едуардо кои се опоравија од повредите.


Бенитез пак во составот нема да може да смета на својот најдобар фудбалер и капитен Стивен Џерард. Ова треба да биде доста голем хендикеп за "црвените" и затоа и се доведува во прашање победата на вечерашниот дуел. Сепак Ливерпул покажа дека има квалитет и сили да одигра и без својот капитен. Тоа го покажаа во победата од 4-0 над Блекбурн, како и во натпреварот со Челзи на гости од четвртфиналето на ЛШ кога одиграа 4-4 на Сетнфорд Бриџ, може не беше доволно за пласман понатаму, но покажаа карактер на шампионски тим.


                  


Играта на двете екипи ќе зависи од тоа колку ќе функционира нападот. Кај Ливерпул тоа ќе биде Фернандо Торес, а кај Арсенал ќе бидат крилата Волкот и Аршавин кои се во одлична форма.


Средниот ред на Арсенал не би требало да се наигра многу, бидиејќи како деструктивци во центарот на игралиштето ќе бидат Маскерано, Чаби Алонсо и Лукас Леива и ќе се обидат да го изолираат средниот ред на "топџиите предводен од Фабрегас и најверојатно после 3 натпревари пауза и Насри.


Дефинитивно ќе биде ова тежок натпревар. Мала предност им давам на Ливерпул, бидејќи нив им се попотребни бодовите и Арсенал нема да се форсираат толку, иако во дерби дуелите нема штедење на сили. Се ќе зависи од тоа колку Рафа ќе тргне офанзивно на почеток и како ќе изигра Леива. Ако се знае дека Лукас беше катастрофална замена за Џерард на претходните натпревари, можно е ако запнат повеќе Арсенал да ги елиминираат 'црвените од битката за титулата.


Моја претпоставка: 2 - 1

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0969][55]