Лион - Бордо (вто. 20:45)
Франција после Монако во 2004-та повторно ќе има свој преставник во полуфиналето од ЛШ. Ждребот сакаше во четвртфиналето да се сретнат двата француски преставника Лион и Бордо.
Се среќаваат ланскиот шампион и моментален лидер во Франција, Бордо и тимот кој моментално е на 5-та позиција и кој ја одбележа последната деценија во францускиот фубдал, Лион.
Лион е во слаба форма во домашното првенство. Овој викенд ја забележаа својата прва победа во последните пет средби, но затоа пак во осминафиналето од ЛШ успеаа да го елиминираат Реал Мадрид. Тие се на два поени зад Бордо, но имаат и два натпревари повеќе од Жирондинците. На Жерлан Лион сезонава нема ниту еден пораз. Домаќините од 2004-та до 2006-та имаа три сезони по ред неуспешни обиди за пласман во полуфинале.
Што се однесува пак до Бордо, тој е најуспешниот тим во ЛШ оваа сезона, имаат серија од 7 победи по ред, единствено на првиот натпревар одиграа нерешено, на гостувањето во Торино. Овој викенд загубија на домашен терен од Марсеј во купот и не успеаа да ја одбранат титулата од ова натпреварување.
Клод Пуел има мали проблеми со одбраната, неа да може да смета на Бумсонг и Франсоа Клерк, но затоа пак во тимот повторно ќе ги има херојот од првиот дуел со Реал, Жан Макун и левото крило Михаел Бастос. Во нападот би требало да бидат Делгадо и Лисандро, а како поддршка од средината Гову, Тулалан, Бастос (Калстром) и Макун.
Кај Лоран Блан проблеми му претставува повредата на дефанзивецот Пјануш, но и суспензијата на репрезентативецот Алу Диара. Во нападот исто како и против Олимпијакос ќе си останат Вендел и Чамак, а во средината сите конци ќе ги влече Јоан Гуркуф.
Бордо многу тешко прима голови, се работи за една многу стабилна и организирана екипа чија игра се базира на многу трчање, покривање, но и на индивидуалните квалитети на Гуркуф кој несомнено е еден од најдобрите светски плејмејкери. Од друга страна пак Лион форисира малку понапаѓачка игра, но има и квалитетна деструктивна линија во Макун и Тулалан, тоа највеќе го почувствува Реал. Треба Пуел да му даде шанса на Бастос кој игра фантстично по левата страна, а располага и со разорен шут, многу пати го почувствуваа голамните тоа сезонава.
Тип: Ќе биде тоа многу цврст дуел, напаѓачка против деструктивна средина. Ако Лион постигне прв гол сигурно ќе победи, а ако одигра како против Реал на првиот дуел тогаш победата им е загарантирана. Домаќините се благи фаворити, но гостите се во подобра форма.
Баерн - Манчестер Јунајтед (вто.20:45)
Оваа сезона ждребот сака “црвените ѓаволи“ за да стигнат до титулата да се борат против традиционално нивните најнезгодни противници. Откако претходно ја срушија традицијата со Милан сега одат на истото против Баварците.
Манчестер има само една победа во 7-те мечеви против Баерн и тоа онаа најважната, финалето 1999 кога во последните моменти постигнаа два гола за пресврт. Потоа Баерн им врати со елиминацијата во четвртфиналето 2001-та и тоа е последен пат кога Баварците и ја поминаа оваа рунда.
Баерн влезе во еден добар ритам во вториот дел од шампионатот, стигна и до првата позиција, но ја загуби овој викенд откако си дозволија да изгубат од Штутгарт на Алијанц Арената. Тоа беше нивниот прв пораз дома во Бундеслигата сезонава. До четвртфиналето стигнаа со елиминацијата на Фиорентина заради повеќе постигнати голови на гостински терен или по заслуга на Овребо и контроверзниот гол на Клосе во 89-та минута во првиот натпревар.
Манчестер Јунајтед пак за до четвртфинале експресно го збриша Милан со вкупни 7-2. Во домашното првенство влегоа во една константна победничка форма и моментално се на првата позиција со еднаков број на поени со Челзи. Имаат пет победи во последните пет натпревари. На последниот со Болтон без Фердинанд и Руни победија со убедливи 4-0.
Домаќините на овој дуел имаат еден проблем, а тоа е суспензијата на Швајнштајгер. Се враќа по подолга пауза Демикелис во одбраната. Иако се шпекулира дека се повредени сепак Робен и Марио Гомез се очекуваат во првиот тим на Баварците. Гомез треба да биде партнер со Клосе или Олиќ. Поддршка на нападот ќе бидат Робен и Рибери, а деструктивци ќе бидат Ван Бомел и Тимошчук.
Ферги исто нема никакви проблеми со повредени, тоа најверојатно е прв пат сезонава. Се враќаат во тимот Фердинанд и Руни кој сезонава е вистинска напаст по противниците. Знаејќи го Ферги се очекува да ја игра гостинската 4-5-1 формација со Парк и Валенсија(Нани) странично, а во средината да бидат Флечер, Керик и Гигс.
Тактиката против Баерн е едноставна. Запрете ги Робен и Рибери и Баварците се добиени т.е немоќни. Затоа во таков случај во топ форма треба да одиграат неуморливиот Ван Бомел и Тимошчук кои ќе имаат неверојатно тешка задача со 5 исклучително физички подготвени играчи за врска.
Од друга страна пак Манчестер секогаш има една почетна криза кога влегува во дуелите и домаќините треба да нападнат уште од самиот почеток и да го искористат тој момент. Мора да го потиснат Јунајтед на својата половина и да се обидат преку нафрлени топки да ги искористат високите Клосе и Гомез.
Демикелис може се враќа во вистински момент и тој и неговата подвижност се идеално решение за да се запре моментално “незапирливиот“ Руни. Но не треба да се заборават Нани и Валенсија кои исто се во добра форма и ќе преставуваат голем проблем за не така сигурната домашна одбрана.
Тип: Ова ќе биде вистинско тактичко надмудрување. И двете екипи имаат што да изгубат и не би требало по секоја цена да одат на победа. Тоа значи дека реваншот ќе решава се, а на овој треба само да се остане непоразен. Домаќините заради публиката, традицијата и дуото Робен-Рибери се во блага предност, но тоа не мора да значи ништо кога го имате Фергусон, Руни и “машинеријата“ Јунајтед од другата страна. Било кој и да победи треба да одигра исклучително квалитетен, перфектен натпревар.