Тренерот на Лион, Клод Пуел вели дека овој дуел ќе биде сосема поразличен од сите оние пресметки во француското првенство и би се задоволил со било каква минимална победа.

“Ќе биде ова балансиран дуел. Блан вели дека ние сме фаворити, но знаеме дека го мисли спротивното. Имаат голема предност затоа што реваншот се игра на нивни терен.“
“Бевме многу разочарани затоа што го добивме Бордо. Ова му доаѓа како куп дуел во Европа. Нема никаква врска со лигата, а особено со последниот пораз на Бордо во купот. Најважна е можноста за пласман во полуфинале.“
“Ќе бидат навистина тешки два натпревари. Сакаме да обезбедиме некоја предност од 1-0 или 2-0 или 2-1, не сакаме да се концентрираме толку на резултатот, но мора да обрнеме внимание и на него ако сакаме да имаме шанси и за реваншот.“ - рече на крајот Пуел.