Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека стилот на Барселона е може преавантуристички, но мора да биде таков за да ги задоволи критериумите на публиката ширум светот.

“Откако јас ја презедов тренерската функција во Барселона нашата игра е оквалификувана како храбра и напаѓачка. Може понекогаш играме и малку авантуристички, но во секој случај тоа е храбро.“
“Тоа е филозофијата на фудбалот. Победа или пораз не е битно, битно е што сакаме да покажеме во каков фудбал веруваме ние. Сакам мојот тим да излезе на Емирати и да одигра во својот препознатлив стил.“
“Тие кои се доволно среќени да бидат на ова ниво не смеат да заборават дека ова е само спорт. Живееме во свет каде што многу луѓе едноставно жртвуваат се само за да гледаат фудбал.“
“Затоа и за мене сето тоа има смисла, вложувањата, работата, планирањето, концентрацијата и дисциплината. Мора да го респектирате фактот дека сите луѓе платиле билет за да ве гледаат или дале пари за да ви ги гледаат дуелите на ТВ.“ - рече Гвардиола.
Барселона во пресрет на дуелот со Арсенал во среда на Емирати нема да смета на Иниеста кој се повреди на натпреварот со Мајорка.