Ван Гал: И Баерн има свои квалитети и Јунајтед треба да се плаши од нас
29/03/2010 23:17

Тренерот на Баерн Минхен, Луис Ван Гал е свесен за опасноста која ја има Манчестер во Вејн Руни, но исто и Баварците имаат свои квалитети и “црвените ѓаволи“ треба да се плашат од нив.



“Јас никогаш не сум се плашел, а истото важи и за моите фудбалери.“


“Го цениме квалитетот на Руни, тој е фантастичен фудбалер. Кога беше помлад секогаш се прашував дали има и визија во неогата игра. Сега тој прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во светот и ќе биде многу тешко да го запреме.


“Сепак мислам дека ќе успееме во тоа затоа што и ние имаме квалитет, Фергусон и неговите фудбалери треба да се плашат од нас.


Единствено им љубоморам на организацијата во Јунајтед, ако ние во Баерн имаме таква организација ќе бевме чекор понапред .“ - рече Ван Гал кој при тоа напомена дека Робен ќе игра и тој воопшто и не е повреден како што на почетокот пренесоа медиумите.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0263][32]