Вејн Руни и Рио Фердинанд кои го пропуштија дуелот со Болтон во саботата сигурно ќе бидат дел Манчестер Јунајтед на дуелот од ЛШ во вторник против Баерн во Минхен.

Фергусон во саботата го одмараше Руни, а не сакаше да ризикува со Фердинанд кој е рековалесцент, па и двајцата речеси сигурно ќе бидат дел од тешкиот дуел со Баерн Минхен.
Манчестер Јунајтед првиот натпревар го игра во Минхен, а “црвените ѓаволи“ имаат лоша традиција со Баерн. Имаат само една единствена победа во нивните седум средби и тоа може да се рече најважната, финалето од ЛШ во 1999-та. Тогаш во еден незаборавен натпревар, “бебињата“ со двата гола во последните моменти од натпреварот направија пресврт и ја освоија титулата.