Гигс: Дуелот со Баерн ќе биде вистински спектакл
29/03/2010 16:47

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс не може да поверува дека поминлае 11 години од легендарната победа во финалето против Баерн. Според него оваа пресметка треба да биде вистински спектакл.



Не можам да поверувам дека веќе поминаа 11 години. Тоа беше еден од моите најдобри денови во мојот живот, но и за голем дел од нашите фанови. Овој дуел ми носи толку добри сеќавања.“


“Па би биле задоволни со истиот резултат од 1999-та, но се надевам дека нема да чекаме толку доцна за да стигнеме до тој резултат.“


“Отсекогаш биле тешки нашите пресметки со германските тимови, а особено против нивните најдобри тимови. Не можам да поверувам дека имеме толку лош скор со нив.


“Ние имаме 3 титули во ЛШ, а тие имаат 4 титули. Значи ова е дуел помеѓу тимови кои имаат огромна историја, големо искуство, одлични поединци, па се надевам на спектакл.“ - рече на крај Гигс.


Победата од 2-1 против Баерн во финалето 1999-та е единствената победа на Јунајтед во нивните 7 дуели. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0255][35]