Секретарот на Манчестер Јунајтед, Кен Рамсден не баш задоволен од ждребот затоа што од сите можни противници им се паднал оној тим против кој имаат најлош меѓусебен скор.

“Од сите можни противници ги добивме тие со кои имаме најлош скор. Сепак позитивното за нас е што ги победивме во најважниот дуел, па колку ние се плашиме од нив толку тие се плашат од нас.“
“Тие се специјален клуб и се сретнавме со нив во подготвителен натпревар каде како и секогаш се покажаа како одлични домаќини. Се надеваме дека овој двомеч со нас ќе биде навистина убав за гледање.“ - Рамсден.
Манчестер досега има шест порази во меѓусебните средби со Баерн Минхен, но има една победа и тоа онаа шокантна за Германците во финалето 1998/99. Тогаш “ѓаволите“ победија со головите на Солскјер и Шерингам во последните моменти од средбата.