Претседателот на Бордо, Жан-Луи Трио откри дека воопшто не е задоволен со ждребот, но е среќен затоа што во полуфинале сигурно ќе има француска екипа.

“Малку сум разочаран, но тоа е тоа. Се надевав дека нема да се сретнеме со нив. Сепак ова ќе биде еден одличен дуел, а оваа наша пресметка значи дека Франција ќе има полуфиналист и тоа е прекрасно за францускиот фудбал.“
“Ако одиграме според нашиот потенцијал можеме да одиме понатаму. Нашата предност е тоа што имаме поголемо искуство од нив.“ - рече Трио.
Бордо има едно полуфинале во европскиот куп на шампиони во далечната 1985-та година, а ова е нивни најголем успех во новоформираната ЛШ.