Претседателот на Баерн Минхен, легендата Карл Хајнц Румениге вели дека неговиот тим ќе мора да се надмине себеси ако сака да го совлада Манчесер Јунајтед и да се пласира во полуфинале.

“Добивме тежок, но атрактивен противник. Манчестер се меѓу најдобрите тимови во светот. Ќе треба да се надминеме себеси за да избориме пласман во следната рунда.“
“Јунајтед без сомнение се фаворити, но тоа е интересното и атрактивното, ние ќе се обидеме да ги победиме.“ - рече Румениге.
Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со победникот од француската пресметка меѓу Лион и Бордо.