Хамшик верува во Наполи, го продолжи договорот на 5 години,
18/03/2010 14:41

Ѕвездата на Наполи, Марек Хамшик како што пишуваат италијанските медиуми го продолжил договорот со Наполи на уште 5 години и со тоа стави крај на шпекуалциите дека ќе го напушти Сао Паоло.


За овој 22 годишен фудбалер владееше огромен интерес од големите европски клубови како Јунајтед, Интер, Јувентус, Челзи и Манчестер Сити. Сега ако сакаат да го донесат во своите редови ќе треба саглам да го одврзат кесето.



Самиот Хамшик претходно изјави дека ќе го продолжи договорот, а сонот за ЛШ најверојатно е причината за тоа, но и одличниот млад тим кој Наполитанците го создадоа.


Се уште веруваме дека можеме да обезбедиме пласман во ЛШ, тоа и ќе го докажеме против Милан. Ќе дадеме се од себе, ако играме како што знаеме сигурно ќе доминираме, но проблемот ќе бидат головите.“


На секој натпревар создаваме многу шанси, но не успеваме да ги искористиме, мора да бидеме поефикасни ако сакаме да излеземе на вистинскиот пат.“ - рече Хамшик.


Наполи во последните седум средби нема ниту една победа и од 4-та падна на 7-та позиција. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0319][74]