Тоти: Интер ни го обели образот
18/03/2010 14:17

Капитенот на Рома, Франческо Тоти е среќен затоа што италијански тим успеа да се пласира во четвртфиналето на ЛШ, со тоа е облен образот на Италијанците во Европа.



“Во вторникот видовме еден одличен натпревар на италијанскиот шампион против еден од најдобрите тимови во светот, Челзи. Се очекуваше Интер да се затвори и да игра на контра напади, но тоа се докажа дека е грешна претпоставка.“


Среќен сум што италијанска екипа и тоа Интер се пласираше во следната рунда. Со тоа ќе се зголеми УЕФА коефициентот на италијанските тимови.“


“Се уште ќе бидеме со три директни места и едно преку квалификациите, па клубовите ќе имаат поголеми премии и ќе можат да си дозволат поквалитетни играчи.“


Што се однесува до Серија А битката за сите позиции е отворена. Се уште не се знае ништо, ни кој ќе освои Скудето, Место во ЛШ, лига Европа и опастанок.“


“Дури и тимови како Сиена против Јувентус покажаа дека знаат да играат убав фудбал и се во одлична кондиција. Така да до крајот на сезоната има уште многу да се игра и ниште не е решено, имаме и ние шанси за титулата.“ - рече на крај Тоти кој би требало на почетокот на април да се врати на терените.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0495][89]